Фон дер Лајен: Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори со САД

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен телефонски разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп за неговата најава дека ќе воведе царини од 50 отсто на увозот од Европската унија од 1 јуни.
Во објава на платформата Икс, Фон дер Лајен оцени дека имале „добар разговор“ со Трамп и нагласи: „ЕУ и САД имаат најзначајни и најтесни трговски односи во светот. Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори“.
Таа додаде дека за постигнување квалитетен договор ќе биде потребно време до 9 јули – крајниот рок што претходно го постави Трамп.
Во петокот, американскиот претседател го изрази своето незадоволство од текот на преговорите со ЕУ и се закани со итно воведување царини од 1 јуни.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович во саботата изјави дека Унијата „работи со добра волја“ за постигнување фер трговски договор со САД, „врз основа на заемна почит, а не закани“.
Ново на Сител
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
