Македонија
19. December 2025 - 12:41

Висок долг и високи камати - закана за економијата

Фискалниот совет има клучна улога во следењето на економската состојба во државата. Mакроекономската стабилност е основа за функционирање на економијата, а презадолжувањето може да предизвика сериозни последици. Иако со Закон е утврдена границата на јавниот долг од 60% од бруто домашниот производ, експертските анализи покажуваат дека Македонија треба да има пониско ниво на задолженост.

-Надолната линија не е прецизирано, но според нашите научни истражувања тоа се движи од 52 до 54% во однос на структурата и капацитетот на економијата на Македонија i покрај тоа што формалната граница е 60%. Сега сме над 60% и треба постепено да се консолидира и во тој правец се движи. Мислам дека фискалната стратегија која е составена води кон тоа, бидејќи не може преку ноќ да се стабилизра, изјави Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет.

Фискалниот совет редовно изготвува извештаи и анализи со кои укажува на состојбите во јавните финансии и предлага мерки за нивно подобрување. Овие документи се јавно достапни и служат како основа за креирање поодржливи економски политики.

-Треба да има постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција која е еден од условите за приближување кон Европска Унија. Структурата треба да се менува на буџетот, односно, да биде повеќе економска отколку доминантно социјална– додаде Беџети.

Дополнителен проблем за економијата се високите каматни стапки. Кога каматите се повисоки од економскиот раст, тоа создава дополнителен притисок врз буџетот и јавните финансии.