Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.
Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.
Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.
Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели. Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки.
МИА
Ново на Сител
-
Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
-
Промена на времето од четврток – дожд, грмежи и пад на температурите
-
Концентрациите на PM10 во Трубарево во рамки на дозволеното и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност
-
Вчера лишени од слобода деветмина, а санкционирани 772 возачи за разни прекршоци
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството