Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп

Французин заработил 85 милиони долари (80,5 милиони евра) во низа облози на „Полимаркет“ (Polymarket) – пазар за крипто-предвидувања, којшто беше популарна платформа за обложување околу изборите во САД на коишто победи Доналд Трамп.
Според „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal), човекот е француски државјанин и поранешен трговец, по име Тео. Засега тој не сака да го објави своето презиме. Американската компанија за блокчејн-анализа – „Чејнанализис“ (Chainanalysis), пак, соопшти дека извршила вкрстена проверка и идентификувала 11 сметки на „Полимаркет“ со слични својства и особености. Имено, овие сметки се полнеле во исто време, учествувале во обложувања и биле испразнети во исто време.
„Полимаркет“ засега не ги потврди наводите.
Обложувачот вложил вкупно 70 милиони долари (66,35 милиони евра) за победа на Трамп над Камала Харис. Добивката од 80,5 милиони евра добитникот ја потврди пред францускиот печат.
„Полимаркет“ е платформа за обложување пуштена во 2020 година, којашто прифаќа само облози во криптовалути. Следствено, технички, ваквото обложување е забрането за жителите на САД.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
