Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.
Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.
Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.
Приходите ќе бидат наменети за Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на ранливи млади луѓе кои се борат со зависност.
Ново на Сител
-

Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа обвинет за обид за атентат на Трамп
-

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина
-

Јокиќ со трипл-дабл спречи елиминација на Денвер во НБА-плејофот
-

Рубио: Блокадата на Ормуската Теснина еквивалентна на нуклеарно оружје
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата

