Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи - изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.
Како што рече, во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.
- Разговаравме за клучниот настан за кој сме тука - чествувањето на светите Кирил и Методиј, но исто така зборувавме и за релациите што ги имаме на државно ниво помеѓу Ватикан и нашата држава. Од двете страни беше истакнато дека релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи. Секако, напоменавме дека двата клучни столба на нашите релации се засноваат на чествувањето на светите Кирил и Методиј, а исто така и Мајка Тереза како една од личностите што ги поврзуваат овие две престолнини - истакна претседателот на Собранието, Гаши, кој ја предводи државно-цковната делегација за чествувањето на свети Кирил во Рим.
На аудиенцијата Гаши на понтифот му врачил два подароци - државниот порадок беше мермерна скулптура „Перо“ на вајарот Андреј Митевски, како и личен подарок - кавал изработен од Бобан Анакиев. Гаши го избрал кавалот како симбол на традицијата и инструмент што ги поврзува различните заедници и култури во нашата земја.
Во собраниската делегација на аудиенцијата беа и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“, Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Беким Ќоку, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, потоа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, митрополитите г. Пимен и г. Георгиј и отец протојереј ставрофор Зоран Стојанов, претставник од Католичката црква.
Координаторите на пратеничките групи упатија пораки на заедништво и соработка. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека тоа што на посета на Светиот Престол по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј заедно присуствувале координаторите на пратеничките групи во Собранието покажува заедништво во целта за која се дојдени во Ватикан.
- Да пратиме порака за соработка и заеднички подобрување на состојбите во државата - порача Мицевски.
Координаторот на пратеничлката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека е огромна честа и можноста што денеска ја имале да бидат на аудиенција кај папата Лав XIV по повод светите Кирил и Методиј.
- Тие се врската помеѓу двете земји и сметам дека Собранието денеска преку заедништво покажува за важноста на сесловенските просветители, но и средбата со папата покажува за продлабочување на нашите односи и за меѓусебната поддршка - истакна Спасовски.
Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Гаши утре, ќе му оддаде почит на св. Кирил на неговиот гроб во црквата „Сан Клементе“ во Рим, каде што поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и свештенослужители ќе одржат молебен за сесловенскиот просветител и творец на словенската писменост.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
