Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска изјави дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судски совет. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата веќе го изгласа инспекторот за прекршоци во тетовската полиција Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, кој треба да го замени Селим Адеми.
Гаши нагласи дека тоа е работа на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата и тие треба да донесат одлука да се повтори огласот.
- Ќе треба да ги прашате претседателот и членовите на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Најверојатно се на мислење да се повтори огласот заради тоа што веќе имаме нов закон и ќе треба сите членови да се изберат по новиот закон. Но, тоа мора да го донесат како одлука претседателот и членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Сепак, работа е на Комисијата за изборите и именувањата. Кај нив треба да се обратите. Но, како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судски совет и тој веќе ги менува правилата на игра, рече Гаши.
Коментирајќи ја вчерашната лидерска средба, Гаши ја оцени како конструктивна. Очекува денеска да се сретнат координаторите на пратеничките групи за да ги усогласат законите за кои се договориле да бидат донесени побрзо.
- За лидерската средба, јас сум запознаен од вас новинарите преку нивните изјави. Од тоа што го разбрав од моите колеги кои беа дел од лидерската средба, средбата била исклучително конструктивна. Очекувам дека денеска ќе има средба на координаторите во Собрание и ќе почнат со работа да ги усогласат законите за кои се договориле да ги донесат што побргу. Исто така, и за Народниот правобранител. Можно е денеска, утре да имаме решение. Таа ќе произлезе од координаторите, истакна Гаши.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

39-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
