-->
-->
Гауденци реизбран за претседател на АТП
-->
Италијанецот Андреа Гауденци е реизбран на местото претседател на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), објави вчера организацијата.
Гауденци застана на чело на АТП во 2020 година, а неговиот мандат сега е продолжен до 20206.
Под негово водство дојде до зголемување на наградниот фонд во машкиот тенис за 37.5 милиони долари оваа година, што е најголем скок во историјата на тенисот во машка конкуренција.
Гауденци најави дека сака да ја интензивира соработката со седумте управни тела во тенисот, меѓу кои се ВТА, Меѓународната тениска федерација и четирите грен – слем турнири (Австралија, опен, Ју-Ес Опен, Вимблдон и Ролан Гарос).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
