Генерален штрајк во Грција

Најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк и бараат колективни договори и реални зголемувања на платите за справување со поскапувањата, а паралелно во низа градови ќе се одржат и протести, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот ќе ја парализира земјата со оглед на тоа што учествуваат и голем број синдикати, здруженија асоцијации и сл.
Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, штрајкуваат и контролорите на летање со што повеќето летови од и кон земјата се откажани, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина.
Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, како и студентски здруженија и организации.
Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.
Генералниот штрајк го поддржаа и новинарите, организирани од нивните здруженија и како што е пракса во изминатите години, нивниот 24-часовен прекин со работата беше ден претходно, односно вчера, за денеска да можат да ги покријат протестите и демонстрациите и да информираат за нив.
Главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.
Грција вчера беше без вести и информативни емисии, а новинарите, штрајкот го завршија во пет часот утрово.
Ново на Сител
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
