Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема

Детското игралиште зад Универзалната сала во Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.
На игралиштето, информираат од Општина Центар, се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи, поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана.
- Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни - порачал градоначалникот Герасимовски.
Тој апелирал до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема.
- Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите - посочил Герасимовски.
МИА
Ново на Сител
-

Изби пожар на вториот спрат во Болницата „8 септември“ - пациентите евакуирани од Одделот за ортопедија
-

Ново вештачење на судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

МВР со предупредување до родителите: Препознајте ја опасноста од групата „764“ - заштитете ги децата
-

СДСМ поднесе 225 амандмани на буџетот за следната година
-

Левица: Се кратат пари од граѓаните за сметка на парите предвидени за НАТО
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
-

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
