Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед, информираат од Општината.
Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на општината.
- Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители - нагласил Герасимовски.
Со реализацијата на првата фаза од проектот, Општина Центар, како што потенцираат оттаму, продолжува со унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи, безбедни и пријатни јавни простори, во согласност со потребите на граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
