Свет
8. July 2025 - 13:38

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Кина дека насочила ласер кон германски авион кој учествувал во операција на Европска Унија – АСПИДЕС во Црвено Море.

– Изложувањето на германскиот персонал на ризик и нарушувањето на операцијата е целосно неприфатливо, објави германското МНР на Икс.

Исто така наведе и дека е повикан на разговор амбасадорот на Кина.

Мисијата АСПИДЕС придонесува за заштита на слободата на бродскиот сообраќај и и поморската безбедност, особено во Црвено Море, Индиски Океан и Персиски Залив, во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.