Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, изјави дека сојузниците во НАТО мора да дејствуваат обединето и дека само Гренланд и Данска можат да одлучуваат за иднината на островот.
Реакцијата на Вадефул доаѓа по намерите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз Гренланд, автономна област на Данска, која според Вашингтон е од витално значење за американската безбедност.
Данската премиерка Мете Фредериксен претходно предупреди дека евентуално американско заземање на островот би значело крај за НАТО алијансата.
-Безбедноста во Северниот Атлантик ќе ја зајакнеме само ако работиме заедно во солидарност и единство. Одлуката за Гренланд е во рацете на неговите жители и на Данска, потенцираше Вадефул.
И покрај разликите околу Гренланд, Вадефул и Рубио ја потврдија посветеноста на Членот 5 од договорот на НАТО за заемна одбрана.
Германскиот министер истакна дека Aлијансата останува клучна за постигнување траен мир во Украина и дека единството е јасен сигнал до Русија да не се обидува да го загрозува НАТО пактот.
МИА
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
