Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус изјави дека германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО, „Арктичка стража“.
– Четири воени авиони „Јурофајтер“ на Бундесверот полетаа од Исланд заедно со Ербас А400М – наведе Писториус на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Тој најави дека од 1 март, во Заедничката северна команда во гренландскиот главен град Нук ќе има офицер за врска на Бундесверот.
Писториус нагласи дека Германија има „многу да понуди на северозападното крило од НАТО“.
Претходно, данскиот министер за одбрана Тролес Лунд Поулсен изјави дека Копенхаген обезбеди четири авиони ловци „Ф-35“ за мисијата на НАТО – „Арктичка стража“
НАТО пред два дена почна мисија за зајакнување на своето присуство на Арктикот како дел од напорите за ублажување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска
МИА
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
