Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти

Германскиот парламент вчера усвои серија законски измени што вклучуваат давање дополнителни овластувања на воената полиција, граничарите и воената разузнавачка агенција, јави ДПА.
Мерките беа усвоени како одговор на големиот број инциденти во воените објекти.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, германските воени објекти се соочуваат со зголемена закана од кибернапади, обиди за шпионажа и саботажа, потсетува германската агенција.
На пример, во јанаури голем број беспилотни летала од непознато потекло ја надлетаа воздухопловната база во Манчинг, во близина на Инголштат, во Баварија. Минатата година, беше пронајдена дупка во оградата за водоводот во воздухопловната база Келн-Ван, заедно со „абнормални вредности на водата“.
Парламентот, исто така, ги заостри правилата за вработување на поранешниот воен персонал. Претходно им беше потребна дозвола ако прифатат работа за „странски сили“ во рок од 10 години по напуштањето на германската војска. Ова ограничување од 10 години сега е укинато. Ваквата одлука уследи по извештаите дека поранешни пилоти на воздухопловните сили обучувале кинески пилоти, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
