Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните.
-Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје носи јасна визија за модерна, одговорна и хумана институција. Со неа правиме суштински исчекор од поимот на зоолошка градина како место за забава, кон центар за едукација, заштита на природата и грижа за животните, стои во објавата на социјалните мрежи на градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Нашата цел, како што посочува тој, е Зоолошката градина да стане училница на отворено, каде децата ќе заминуваат не само со спомени, туку и со знаење, свест и емпатија кон природата.
-Едукацијата е најсилната алатка за долгорочна заштита на биодиверзитетот. Клучен столб на стратегијата е трансформацијата на градината во функционално прифатилиште за заштитени и ранливи видови, со професионална ветеринарна грижа и безбедни услови. Скопје ја презема моралната обврска да биде дом за животните кои не можат сами да опстанат во дивината, истакнува Ѓорѓиевски.
Стратегијата, како што вели градоначалникот, е целосно усогласена со строгите стандарди на EAZA, со јасна цел за полноправно членство.
-Тоа значи високи стандарди за благосостојба на животните, активна научна и конзервациска улога, како и највисоки норми за безбедност и одржливост. Планирана е и целосна модернизација на Зоолошката градина, подобри услови за животните, посетителите и вработените, енергетски ефикасни решенија, зголемена безбедност, како и нови содржини, меѓу кои и центар за хипотерапија за децата со посебни потреби, нагласува Ѓорѓиевски.
Според него, со овие чекори Зоолошката градина во Скопје ќе прерасне во современа, едукативна и хумана институција, место каде науката и грижата за животот се среќаваат.
-Ова е амбициозна, но неопходна визија и затоа ги повикувам сите - институции, граѓански сектор и бизнис заедница да се вклучат во нејзината реализација, напиша скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
