Гевгелиските доктори подготвени да ги вакцинираат граѓаните и на нивните работни места
Гевгелиската општа болница покрена локална иницијатива за вакцинација на работните места. Целта е на сите заинтересирани граѓани да им се овозможи многу побрзо и полесно да го остварат процесот на имунизација без разлика дали се работи за прва или треба доза, а со тоа во еден дел да се амортизира и неповолната ситуација која беше предизвикана со зголемениот број на нови случаи со корона вирусот. Први кои одговориле позитивно на иницијативата биле една конфекција и психијатриската болница во Негорци. Таму во наредните два дена треба да бидат имунизирани околу 260 лица.
Во меѓувреме состојбата со пандемијата во овој регион има тенденција на смирување. За разлика од пред десетина дена кога истата беше оценета како загрижувачка, а болничките капацитети исполнети до максимум, деновиве бројките и на прегледи и на хоспитализација бележат значително намалување.
Од почетокот на пандемијата во гевгелискиот регион се регистрирани близу 4000 лица позитивни на корона вирус. Според последниот извештај во моментов како активни се водат 165 случаи.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
