Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
Тинејџерки на 17 и 18 години со високо ризичен ХПВ дијагностицирани на Клиниката за гинекологија, не биле вакцинирани против хуман папилома вирусот. Ако во развиени земји со превентива ги сведуваат на минимум случаите со рак на грло на матка, во нашата земја ова малигно заболување и понатаму ја полни статистиката и на ГАК и на онкологија.
Свесноста за вакцинација е на високо ниво во помалите општини каде има и 100 процентна покриеност со ХПВ вакцини, за разлика од урбаните Карпош и Центар каде е едвај 20 иако според гинеколозите таа дава околу дведецениска заштита од рак.
-Значи вие ако се вакцинирате на 12 години, наредниот период кога најчесто ги менувате партнерите и кога е најголем ризикот за да добиете ХПВ, вие во 99 проценти ќе бидете заштитени. Она што е проблем е што во одредени делови од државата имаме голема дискрепанца, како на пример главниот град, Охрид, Битола, има мала покриеност, вели проф. д-р Ирена Алексиоска папестиев, директор на Клиника за Гинекологија и акушерство.
ХПВ вакцинацијата од пред извесен период е задолжителна и за момчињата и можат да ја примат бесплатно на возраст од 12 до 19 годишна возраст. Гинеколозите велат дека имаат мултидисциплинарен пристап за подигнување на свесноста за да им укажат и на младите и на родителите од колку болести штити вакцината.
-Вакцината е главна заштита не само од цервикалниот карцином, уште за 6 други. Отофарингијалниот, поразговарајте со колегите од ОРЛ и Онкологија ќе видите уште поголема поврзаност со ХПВ, се јавува и поголема експозиција на истиот, вели д-р Папестиев.
Од скопските вакцинални пунктови повторно алармираа дека во дел од основните училишта во главниот град, иако праќаат покани, едвај 10 проценти од учениците примаат ХПВ вакцина.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
