Ѓоковиќ не прекршил ниту едно правило за допинг контрола

Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието откако побара допинг тестот да му биде направен после мечот со Велика Британија во четвртфиналето во Дејвис купот.
Голема врева се крена околу ова минатата недела во светото на тенисот. Ѓоковиќ беше лут, изјави дека во целата негова кариера никогаш не му се случило да бараат од него допинг тестот да го направи пред натпреварот.
Некои поранешни спортисти и англиските медиуми побараа Ѓоковиќ да биде суспендиран. Но, во објаснувањето за „Лекип“, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИTИA), јасно стои дека Ѓоковиќ не направил ништо лошо.
„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не го одбил тестот. Правилото е дека играчот е информиран, а потоа е должен да биде тестиран што е можно поскоро. Во натпреварувањата како што е Дејвис купот, играчот може да биде информиран за ова пред натпреварот, додека во другите натпреварувања тоа обично се прави после натпреварот. Тоа е веќе добро воспоставена процедура“, се наведува во образложението и се додава.
„Играчите имаат право да одлучат дали сакаат да бидат тестирани пред натпреварот. Ако не, после него ќе следи контрола. Тие имаат право на избор. Играчите најчесто решаваат да контролираат пред мечот, затоа што тоа им ја решава обврската кога се ќе заврши, но двете решенија се дозволени“.
Откако пристигна објаснувањето од ИТИА, се појавија и информации кои покажуваат зошто Ѓоковиќ бил ставен под притисок. Имено, приватната компанија ангажирана за допинг контрола се наоѓа во Англија, поточно во Лондон.
Очигледно е дека со ваков притисок Британците сакаа да ги пореметат Ѓоковиќ и неговите соиграчи пред дуелот со Велика Британија.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
