-->
-->
Ѓоковиќ: Се надевам дека нема повторно да сретнам друг француски играч пред крајот на Ролан Гарос
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го коментираше својот триумф над Французинот Валентин Ројар (6:3, 6:2, 6:7 (7:9), 6:3) во второто коло на Ролан Гарос.
- Беше многу, многу тежок натпревар во тешки услови. Голем тест за мене. Искуството многу ми помогна. Ова е многу важна победа. Условите се тешки за играчите. Имав шанси во третиот сет, но по моја вина го изгубив сетот. Се надевам дека нема да сретнам друг француски играч пред крајот на турнирот. Боже, доста ми е. Одиграв два натпревара и се чувствувам како да играм две недели, изјави 39-годишниот Србин.
Ѓоковиќ е рангиран на четвртото место во светот.
Во првото коло на Грен слемот во Париз, ветеранот победи уште еден Французин – Џовани Мпетши Перикард.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
