-->
-->
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.
Ѓорческа денеска по голема борба и дуел што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6(3)).
Во првото квалификациско коло, македонската тенисерка ја совлада Унгарката Мелинда Биро со 2-0 во сетови.
Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега ја очекува жрепката за главниот турнир, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат