Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
Европската Унија да приофати документ за малционски права е правилна, вели поранешниот амбасадор во Софија, Маријан Ѓорчев, за тоа каков е нашиот одговор на последните обиди на Софија да го девалвира македонскиот идентитет.
Тој е оптимист дека директни преговори меѓу Скопје и Софија, на принципиелни основи и со европски вредности можат да донесат решение на проблемот. Но, Ѓорчев вели дека дури и тоа да не се случи Европската унија сепак, има механизам да го откочки процесот на пристапување.
Еврокомесарката Марта Кос денеска се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија. Иако вели билатералнотот прашање мора да се надмине, а процедурите на Брисел за пристапување треба да се поедностават, таа е децидна дека уставните измени сепак, мора да се случат.
Бугарските европратеници пак, тврдат дека билатерален проблем нема, туку има неисполнување на преземени обврски.
Во пресрет на гласањето на извештајот во Европскиот Парламент, премиерот вели дека Владата ја завршила домашната работа, но треба да се почека гласањето.
Претседателката на државата не одговори конкретно дали има потврда од бугарска страна за средба меѓу претставниците од двете земји на претстојнот Самит на НАТО во Хаг. Но коментирајќи ја последната Резолуција донесена во бугарскиот Народен Парламент, Сиљановска Давкова вели дека е навредлива.
Извештајот на Европскиот Парламент во кој се истакнува посебноста на македонскиот идентитет и јазик доаѓа по две клучни посети од Брисел во Скопје на Кошта кој рече дека нема план Б за евроинтеграцијата на Макеоднија, но и по посетата на Калас која пак рече дека ако планот А не успее ќе се премине на алтернатива.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар