Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме

Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со организиран автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочува дека целта на активноста е природните богатства на Скопје да им бидат поблиски на граѓаните, кои имале можност да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење.
-Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец. Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее! Токму затоа, денес организиравме бесплатен разглед на Матка и Врело, можност нашите сограѓани да се оддалечат од секојдневието и да уживаат во едно од најубавите катчиња на нашиот град - истакна тој.
Како дополнителен мотив за промоција на пештерата Врело, градоначалникот го посочува подвигот на полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој достигна длабочина од 338 метри, со што Врело е запишана како најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.
-Инспирирани од историскиот подвиг на полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој достигна длабочина од 338 метри и го запиша Врело како најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек, сакаме ова наше природно богатство да го доближиме до што повеќе граѓани. Зашто посебно е чувството кога убавината за која слуша светот ја гледаш со свои очи и знаеш дека е дел од твојот град! Величествени карпи, мирна вода и глетки што оставаат без здив. На Матка, секој поглед потсетува колку природата била дарежлива кон Скопје. А Врело, со својата убавина и таинствени длабочини, нè потсетува колку многу сè уште има да откриваме и да чуваме за идните генерации - објави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најавува дека бесплатните разгледи ќе се организираат почесто, со цел што повеќе граѓани од различни генерации да ги запознаат природните убавини на градот и да се подигне свеста за зачувување на природното наследство.
-Вакви бесплатни разгледи ќе организираме почесто, за што повеќе наши сограѓани, од сите генерации, да ги запознаат убавините на Скопје и да создадат нови спомени. Преку овие посети ќе ја зајакнуваме и свеста за зачувување на природното наследство што им го оставаме на нашите деца. Скопје има богатства што заслужуваат да бидат видени, доживеани и сочувани. Да го запознаеме со восхит, да го чуваме со одговорност и да го сакаме со дела! - наведува Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Девојка пријавила дека била нападната од другарка додека се возеле во такси
-

Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
-

Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица
-

Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
