Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
- Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме. Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.
Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата, наведува Ѓорѓиевски.
Тој им се заблагодарува на граѓаните со кои е постигнат договор за решавање на проблемот, како и на градоначалниците на Гази баба и на Аеродром, Бобан Стефковски и Дејан Митески, за посветеноста и поддршката.
- Ветив дека овој мост ќе биде решен во рок од четири години. Но, со работа, посветеност и силна волја, го решаваме за само шест месеци од мојот мандат! И не е само овој мост. За шест месеци ги откочивме и „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и булевар „Македонија“ - проекти кои со години изгледаа невозможни, а денес стануваат реалност, вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
