Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Во интервју за ТВ Сител вечерва тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“.
Најави дека сите јавни претпријатија ќе претрпат измени во менаџерскиот тим и наскоро ќе бидат соопштени кадровските решенија за Град Скопје, за ЈП, установи од културата и средните училишта.
-Природно е и логично секој човек со себе да си донесе луѓе со кои сака да работи. Кадровските измени ќе бидат соoпштени во следните денови, рече Ѓорѓиевски.
Соопшти дека од 370, денес е речиси 500 бројот на отпуштени од работа поради недоаѓање на работа.
- Тоа значи пет милиони евра на годишно ниво, тоа се сериозни пари со кои досега ќе имавме Лунапарк. За тоа се знаело и во минатото, но изгледа се немало храброст да се преземат чекори. Нема да имам толеранција кон никого за тоа, така беше и во општината што ја раководев, рече Ѓорѓиевски во гостувањето на ТВ Сител.
Како што рече, со правни тимови разгледува можност не само што се отстранети од работа туку и средствата да бидат вратени и да има одговорност од раководители на сектори и од директори што тоа го дозволувале.
Најмногу вакви случаи имало ЈП Паркови и зеленило и во ЈП Комунална хигиена но, рече, и во Дрисла и Водовод и канализација и во сите други ЈП имало ваков тип појави и различни профили на работници. Како што рече, не се работело само за три дена туку за неколку месеци па и години да бидат луѓе на платен список без да доаѓаат на работа.
МИА
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
