Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска

Градоначалникот на Скопје информираше дека денеска на Водно, заедно со Црвениот крст на Град Скопје го презентирале тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка, кој го реализираат заедно со Црвениот Крст.
-Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа својата подготвеност за брза, координирана и професионална реакција. Кога е загрозен човечки живот, секоја секунда е драгоцена! Токму затоа, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој нагласи дека истовремено ќе се спроведуваат континуирани обуки, тренинзи и симулациски вежби, со кои спасителите ќе ги унапредуваат своите знаења, вештини и оперативна подготвеност за дејствување во различни кризни ситуации. Дополнително, додаде Ѓорѓиевски, посетителите ќе можат да го измерат крвниот притисок на штандовите кои се наоѓаат на овие места.
-Нашата цел покрај брза и навремена реакција, е и да превенираме. Преку едукативни активности ќе ја подигнуваме јавната свест за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина - истакна скопскиот градоначалник.
Тој додаде дека за реализација на активностите обезбедиле буџет, кој е двојно повисок во споредба со претходната година.
-Тоа значи повеќе опрема, поголема подготвеност и поквалитетна, навремена и професионална помош за сите на кои им е најпотребна.
Град Скопје се грижи за своите граѓани. Градиме силен, ефикасен и одржлив систем кој ќе биде подготвен да одговори во секој момент, затоа што човечкиот живот нема цена! Граѓаните кои ќе се најдат во неволја можат да побараат помош на дежурниот телефон: 072/269-876 - истакна Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
