Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, посочувајќи дека работите се реализираат пред предвидениот рок.
- По 30 години чекање, за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување. За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии посочува скопскиот градоначаник во објавата на социјалните мрежи.
Тој истакна дека со реализацијата на проектот повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат модерен и безбеден булевар што, како што нанагласува, треба да придонесе за полесно секојдневно движење и намалување на сообраќајниот метеж.
- Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат! Даден збор. Исполнето ветување. За наше Скопје! - вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
