Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации

На повеќе од 50 локации во сите скопски општини, денеска, продолжува масовната акција за чистење на Скопје. Како што најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во акцијата повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и граѓаните, кои ќе чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.
-Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации - паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина - вели Ѓорѓиевски.
Најави дека ваквите активности ќе се организираат двапати месечно и ги повика граѓаните да се приклучат на акцијата и да дадат свој придонес за почиста животна средина.
-Овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност, а вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. На секое несовесно фрлање отпад ќе му се спротивставиме со свест, истрајност и илјадници луѓе решени да го чуваат својот град. Но, и со одговорност - истакна Ѓорѓиевски.
Од Град Скопје информираат дека граѓаните за точните локации и начинот на приклучување на акцијата треба да се обратат до својата општина.
МИА
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
