Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгогодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција - соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
-Плоштадот „Македонија“ и Камениот мост се нашиот белег. Лицето со кое Скопје го пречекува светот и срцето во кое секој скопјанец чува дел од својот живот. Нивниот сјај е наша гордост. Нивното зачувување е наша одговорност. Затоа, темелно и редовно го чистиме плоштадот „Македонија“, а по години запоставеност, повторно ја оживуваме подната фонтана. Го враќаме местото на детската радост, на средбите и на убавите спомени. Го враќаме сјајот што му прилега на центарот на нашето Скопје - напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук објавата.
Градоначалникот Ѓорѓиевски посочува дека фонтаната во моментов е пуштена во пробна работа и се вршат проверки, калибрирање и прецизно нагодување, за да работи правилно и повторно да биде еден од препознатливите симболи на градот.
-И тука ќе бидам јасен: просторот на подната фонтана никогаш повеќе нема да биде премин за автомобили и тешки товарни возила. Плоштадот им припаѓа на граѓаните и така ќе остане. Чистењето не е еднократна акција, туку секојдневна работа. Обновата нè обврзува на трајно одржување, а секое вложување на одговорност да го зачуваме. Јас останувам посветен на дадениот збор. Заедно да го чуваме она што ни припаѓа на сите. Скопје го правиме заедно - рече Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
