Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
- Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски.
За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски рече дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција и додаде дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе иформации.
- Стојам зад сите факти што ги изнесов во јавноста. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните градски претпријатија кои земале плата а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи и дисциплината во претпријатитето. Тоа не се лица кои ќе бидат заменети со нови зашто нив им било дозволено единствено да вршат злоупотреба на институциите и да се доведуваме во состојба во каква што сме денес во Градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.
Сакам, додаде, да има и командна одговорност што не подразбира само овие лица да бидат отстранети од списоците за вработување, туку да има и одговорност оној кој што потпишувал да земаат плата а да не работат, но и директорот кој сето тоа го одобрувал.
МИА
Ново на Сител
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
