Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО

Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше активности за уредување на влезот кон жичарата, поставување ново детско катче и моторички парк, како и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците.
Како што стои во соопштението на Град Скопје, претходно бил поставен нов асфалт на патот кон Средно Водно, каде што за првпат било поставено и ЛЕД-осветлување.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација.
-За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја - посочи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на овој простор.
МИА
Ново на Сител
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
