Македонија
10. September 2026 - 13:29

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот С.Б. од селото Копаница, скопско, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Според информациите од МВР, во април 2026 година пријавениот довел во заблуда лице од селото Шипковица, тетовско, со кое склучил купопродажен договор за товарно возило.

За возилото, 31-годишникот требало да исплати 11.000 евра.

Поради случајот, СВР Тетово против него поднесе кривична пријава, соопшти МВР во дневниот билтен.