Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Песните на Евровизија, која годинава се одржува во Виена, ќе бидат достапни и за глувите и наглувите лица преку интерпретација на меѓународен знаковен јазик. За таа цел, толкувачи-уметници ќе ги преведуваат песните, но и ќе ги изведуваат како посебни сценски перформанси.
Неодамна во Виена беше организиран специјален избор на кој се претставија кандидати за улогата на толкувачи-изведувачи. Од вкупно 13 пријавени, ќе биде избрана група што за време на натпреварот во мај ќе ги интерпретира песните на поединечни земји. Овој начин на изведба беше воведен уште 2015 година, од страна на австриската телевизија „ОРФ“, по победата на австриската претставничка Кончита Вурст, со цел Евровизија да стане подостапна за сите гледачи.
„Пред настапите на самото натпреварување, избраните толкувачи ќе учествуваат на дополнителни работилници посветени на уметничкиот израз и телесното изразување“, соопштија надлежните во Виена. Организаторите нагласуваат дека перформансот на знаковен јазик не подразбира само буквален превод на текстот, туку целосна сценска изведба на песната, во која значајна улога имаат мимиката, движењата и танцот.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
