Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево

Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот.
– Конечно е распишан тендер за проектно решение, односно физибилити студија за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево. Очекувам оваа година сето тоа да се комплетира и веќе следната да почнеме со тендер за изведба, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека станува збор за процес кој подразбира повеќе подготвителни чекори пред почетокот на градежните активности.
– Таков е процесот. За да дојдеме до градба, најпрво треба да имаме физибилити студија, предпроектно решение и останатата потребна документација. Повикот е веќе распишан, рече премиерот.
Според него, реализацијата на експресниот пат е значајна за понатамошниот економски и туристички развој на источниот дел од државата, особено за општините Делчево, Берово и Пехчево.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
