Македонија
18. May 2025 - 9:13

Голем дел од Македонија се разбуди во мрак

Голем дел од Македонија ноќеска остана без струја. Од контакт центарот на ЕВН соопштија дека се работи за голем дефект.

Според информациите, струја нема во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Дел од граѓаните на Скопје, рано утрово пријавуваат дека повторно имаат струја.

ЕВН во текот на денот се очекува да информира каков и од колкави размери е проблемот.