Македонија
20. May 2025 - 16:34

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон.

Потпис ќе стави вицепремиерот Николоски откако денеска доби овластување на владина седница.

Во делегацијата ќе бидат и вицепремиерот Меџити, министерката за обарзование Весна Јаневска и директорот на Железници Инфраструктура Синиша Ивановски.

Според најавите, во Лондон ќе бидат остварени и средби со министрите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство.