Македонија
20. May 2025 - 16:34

Дел од Македонија повторно без струја

Дел од Македонија повторно остана без струја. По прекинот во неделата, поради висок напон, денеска Кочани, Струмица, нивната околина и овчеполието, час и половина беа без електрична енергија.

Од МЕПСО нема информации за причината за испадот, но заменик министерот за енергетика вели дека највероајатно се работи за истиот проблем како од пред два дена – поголемо произвдоство,  а помала потрошувачка.

-Испадот најверојатно се случил поради висок напон, однсно неможнста да се прими електричната енергија од големиот број инсталираи фотоволтаици, вие знаете деке цело Кочани е на фотоволтаици, а мала потрошувачка. Ние немаме гоелми индустриски капацитети кои трошат многу струја, така што, да го чекаме извештајот кој МЕПСО треда да го достави во рок од 7 дена, па ќе знаеме за што точно станува збор, Инаку не можеме да предвидиме дали и во иднина би се случиле вакви испади, изјави Мирослав Лабудововиќ, заменик министер за енергетика.

Претходно пратеникот од Левица Амар Мециновиќ обвини дека државата нема стратегија како да се справи со застарениот енергетски систем, со децении старата електропреносна мрежа, како и со големиот број издадени лиценци за обновливи извори, чии количини нема каде да се складираат.

Во новиот Закон за енергетика пропишано е задолкжително обновување на мрежата на МЕПСО во наредните години, а ќе се знае и кои инвеститори во обновливи извори ќе можат да бараат приклучок. Законот ќе овозможи и регулација на батериските системи за складирање на вишоците произведена струја.