Македонија
21. May 2025 - 21:16

Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ

Професорот и поранешен минстер на финасии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески – е изборот на Силјановска Давкова за гувернер на Народната банка, потврдуваат ОД кабиентот на претседателката. Силјановска го направи конечниот избор за прв човек на најважаната финасиска институција во државата по попладневните консултации со премиерот Мицкоски.

„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, соопштија попладнево од кај Силјановска Давкова.

Индиректно кандидатурата ја потврди и самиот Славески кој веднаш по информацијата дека предлогот е стасан во парламентот на платформата Икс објави фотографии од книгата „Кога претседателот повикува – разговори со креаторите на економските политики“ и коментар „професионалнците никогаш не импровизираат“.

Славески во моментов е претседател на Советотот на Град Скопје. Зад себе има богата академска и политичка кариера. Иако има партиско искуство, Силјановска веќе коментираше дека нема законска пречка политичар да биде избран за гувернер.

Професорот Славески беше во потесниот избор за гувернер заедно со актулената гувернерка Анита Ангеловска Бежоска и поранешниот министер за финасии исто од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставревски.

Мандатот на Бежоска завршува денеска, но таа ќе ја извршува функцијата до изборот на новиот гувернер од парламентот. По добиената потврда од пратениците Славески ќе ја раководи Народната банка во наредните 7 години.