Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
Две бараки на поранешен Макотекст целосно изгореа во големиот пожар кој изби околу пладе, во населбата Карпош 4. Се работи за стар објект во кој во еден дел има отворено сервис за возила и барака во која според ЦУК имало бои и лакови и други хемикалии. Густиот чад за неколку минути се прошири и кон околната станбена зграда, но со интервенција на пожарникарите беше запрено ширење на пожарот.
Нема повредени жители, но еден пожарникар поради вдишување на чад итно беше пренесен во болница. Неговата состојба е стабилна.
Според командирот на противпожарната бригада, во битката со пламените јазици, интевенирале 8 противпожарни возила и две цистери на водовод.
Во гаснењето се вклучи и ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување кој бил на задача во Маврово-Ростуше.
Граѓаните од околните згради велат дека не виделе како се запалиле бараките, но таму имало работилници за бои и лакови и остатоци од плексиглас.
Градоначалникот на Карпош вели дека нема ништо незаконско во функционирањето на објектот, но и претходно претставувал опасност, поради дотраена електична мрежа.
По два часа пожарот е целосно локализиран.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар