Македонија
7. October 2026 - 12:30

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен

По речиси 11 години од почетокот на изградбата, Охрид конечно ќе го добие затворениот базен.

Спроведена била темелна анализа и ревизија на проектот со цел да се утврдат техничките, финансиските и административните пречки што го оневозможувале неговото завршување.

По ревизијата биле преземени конкретни мерки за надминување на проблемите, меѓу кои и измена на основниот проект, со што се создадени  услови градежните работи да продолжат .

Градоначалникот Пецаков најави инвестиции и  за подобрување на условите во основните и средните училишта на територијата на општината.

За целосно довршување на затворениот базен се обезбедени 470 милиони денари, а од Министерството наведуваат дека станува збор за инвестиција коа е од големо значење за Охрид и за развојот на пливачките спортови.