Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини
Пожар избил попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, посебно позната по производите од брендот „Винчини“. Пожарот го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи.
- Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, наведуваат од ЦУК.
До градоначалникот на Виница, се додава, е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.
-Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини, се наведува во соопштението.
Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, стои во извештајот од директорот на ЦУК, Мухамед Али.
МИА
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички