Македонија
4. March 2026 - 11:49

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО

Голем пожар ноќеска избувнал во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“

На местото на настанот интервенирале сите расположливи екипи на Територијалната противпожарна единица од Штип – со три противпожарни возила и 12 пожарникари. Во гаснењето на огнот помогнале и членови на навивачката група „Ултра Банда“, објави ТВ Стар.

Пожарот предизвикал значителна материјална штета, но за среќа нема повредени лица. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и помошта од локалните навивачи, огнот бил ставен под контрола и спречено било неговото понатамошно ширење.

Според информациите на ТВ „Стар“, пожарот најверојатно настанал поради проблем со електричната инсталација. Огнот избувнал на кровната конструкција, а првичните претпоставки се дека причината е неисправна струјна инсталација.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.