Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени

Најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти.
Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинале 14 жители, а најмалку 22 лица се повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е спасувачка операција поради стравувањата дека под урнатините има уште затрупани.
Кличко додаде дека низ градот се регистрирани повеќе удари и материјална штета, при што избувнале и пожари. Според него, украинската противвоздушна одбрана била активирана за време на нападот.
Киев во последниот период често е цел на ракетни напади. Во нападите извршени во саботата загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 30 беа повредени.
Украинските власти во повеќе наврати предупредија дека им се намалуваат резервите на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, што се користат за одбрана од балистички ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
