Македонија
7. April 2026 - 9:53

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации

Рано утрово низ повеќе делови од државата беше забележано засилено присуство на полиција и специјални единици, во рамки на широка операција насочена кон сузбивање на организиран криминал.

Според неофицијални сознанија, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува координирана акција во повеќе градови.

Активностите се реализираат во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец.

Според достапните информации, цел на акцијата е организирана мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин. Во тек се претреси на околу 15 локации, при што се опфатени повеќе лица.

Неофицијално, меѓу приведените има и лица познати на органите на прогонот, што дополнително ја нагласува тежината на операцијата.

Се работи за обемна акција која таргетира структури што подолго време функционирале во сенка.

Надлежните институции засега не излегоа со официјални детали, но се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Ново на Сител