Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација.
Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми.
Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено.
-На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат – јави ХРТ.
На терен се стотина пожарникари со 30 возила.
Командантот на Јавната противпожарна единица на Град Загреб, Синиша Јембрих, за Хрватското радио ја објасни сложеноста на ситуацијата. По дојавата, пожарникарите се искачиле на врвот, почнале да гаснат, но набрзо забележале дека гори и под нив, што е исклучително опасно.
-Тоа може да покаже дека дошло до некоја катастрофална грешка, односно нешто во инсталациите, така што тие инсталации всушност го предизвикале пожарот по целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно – појасни Јембрих.
Тој додаде дека поради опасноста, пожарникарите морале да се повлечат и да го гаснат огнот однадвор, што е помалку ефикасно, но неопходно. Во моментов, гасењето се одвива само од надворешни позиции поради паѓањето настакло и на делови од фасадата.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој утрово пристигна пред зградата, потврди дека штетата е „тотална“.
-Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси однатре и однадвор. Не се знае која е причината, постојат некои сомнежи, но увидот ќе го утврди тоа. Најбитно е дека нема човечки жртви и опасност за граѓаните – рече Томашевиќ.
Тој додаде дека мнозински сопственик на зградата е државата, а статичарите ќе треба да проценат дали конструкцијата е за рушење или ќе се оди на обнова.
Синиша Јембрих потврди дека нема опасност од уривање на објектот, иако станува збор за еден од симболите на градот Загреб.
Управата за цивилна заштита информираше дека пожарот се прегледува со термокамера, а на местото на настанот е повикан статичар кој ќе ја процени состојбата на конструкцијата.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
