Македонија
27. November 2026 - 12:12

Град Скопје и годинава ќе ги награди најубаво украсените домови и објекти, пријавувањето е од 1 декември

Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски 2027“ и да придонесат за празничната атмосфера со украсување на своите домови и деловни објекти.

Пријавувањето започнува на 1 декември и ќе трае до 21 декември 2026 година. И оваа година манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер, а најуспешните учесници ќе добијат пригодни награди.

Ќе се избираат најдобрите во четири категории:

Најубаво новогодишно украсен двор на индивидуална куќа;
Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
Најубаво новогодишно украсен деловен или угостителски објект;
Најубав расказ од средношколци на тема новогодишни желби и празнувања.
За учество, заинтересираните треба да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни и угостителски објекти, заедно со име и презиме, контакт-телефон и адреса на електронската пошта poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk.

Пријавите може да се достават и по пошта на адресата: булевар „Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје, со назнака „За манифестацијата Украсуваме по скопски“. На истата адреса и електронска пошта треба да се испратат и литературните творби на средношколците.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, која ќе ги оценува и пристигнатите литературни творби.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Градот Скопје најавува дека ќе додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите четири категории.