Македонија
18. јуни 2025 - 17:25

Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски

Градоначалникот на Кочани поднесе кривична пријава за незаконско работење на угостителски објекти. ВО обвинителството поднесе документи со кои пријавува угостители дека узурпираат простор, работат спротивно на законите и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Градоначалникот Крстевски информираше дека почнале постапка  за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина.

Од АХВ кои беа прозвани од градоначалникот,  преку соопштение информираат дека тие не се надлежни да постапуваат за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти.

По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа.

Од пазарен инспекторат велат дека само на територија на Општина Кочани до сега се извршени над 30 координирани контроли на сите надлежни институции.

Констатирани се неправилности и недостатоци кај 20 угостителски објекти и изречени се прекршочни со платни налози. По извршените контроли ја известивме општина Кочани, секторот за урбанизам,  како надлежни за констатираните недостатоци да постапат по нашите забелешки.

Пошироко на територија на одделение Штип извршени се 107 надзори до денес а над 400 на цела територија на државата.

Опозициската СДСМ со нови обвинувања кон власта за трагедијата во Кочани. Од партијата објавија дека дошле до податоци со кои тврдат дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја сокрие вистината за најголемата трагедија во државата.

Тврдат дека фирма донатор на ВМРО ДПМНЕ наводно вршела фиктивно сметководство за копманиите кои управувале со дискотеката ПУЛС.

Владејачката партија тврди дека истрагата за кочани од страна на МВР е спроведена во целост и никој не е поштеден. Ги обвинија СДСМ дека ја користат трагедијата за партиска кампања во пресрет на изборите.