Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите

Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, од понеделник ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за проценка на штета, соопштија од локалната самоуправа.
- Заради природната непогода-поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26 и 27 јануари во населените места, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страница, се наведува во соопштението.
Секое барање треба да биде поднесено со комплетна документација - имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка, изјава заверена на нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија, копија од лична карта и трансакциска сметка од барателот. Оштетеното или уништеното, ако е објект, мора да е запишано во имотниот лист, ако е земјоделско земјиште мора да е запишано како нива, а ако станува збор за овоштарник да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.
Обилниот дожд од 26 и 27 овој месец најмногу штети предизвика во селото Костурино, каде најдојдените води однесоа 56 овци, една коза и 120 јагниња од бачилото на Никола Колев, како и во селата Муртино и Сачево каде беа поплавени земјоделски површини и дворови.
МИА
Ново на Сител
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
