Граѓански иницијативи се здружуваат во партија за учество на локалните избори
Граѓански иницијативи со заедничка платформа ќе се борат за своето место во локалната власт. Во време кога независните граѓански гласови се потиснуваат од големите партии, Шанса за Центар, Независни за Карпош и Зелените од Гази Баба најавија здружување во една партија за да понудат вистинска граѓанска алтернатива на претстојните избори.
Дали ќе понудат и кандидат за градоначалник или ќе одат само со советнички листи допрва ќе одлучуваат. Ги повикаа сите граѓани без разлика од кој град се да се приклиучат и да им ја дадат поддршката за регистрација.
Во овие преговори биле и од Зелен Хуман Град но сепак се одлучија за посебен настап на локалните избори и најавија формирање на партија.
Граѓанските здруженија и иницијативи се решија на овој чекор откако стана се појасно дека на претстојните избори нема да можат да одат со независни кандидати. Уставниот суд го укина прагот од 1% за независна кандидатура со што значи дека за кандидатура за советник во Град Скопје едно лице ќе треба да собере 3.500 потписи а за формирање на нова партија, потребни се само 1.000 гласови.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар