-->
-->
Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-->

Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Преглед на вестите од светот
